Спортскиот клуб „Соларис“ од Струга со многу реализирани настани ја испраќаат 2024 година

- Локални, Спорт
200

Спортскиот клуб „Соларис“ од Струга со многу реализирани настани и проекти ја испраќаат 2024 година.

-24 реализирани кајакарски спустови по Црн Дрим и вкупно 322 кајакари-туристи вклучени во нив.
Неброени кајакарски авантури по Охридско Езеро во соработка со струшките хотели и стопанственици.
6 целосно реализирани тим билдинзи на реноминарани национални компании.
Успешно реализиран петтиот јубилеен кајакарски маратон „Весламе за ретките“ во соработка со Хотел Боград.
Успешно реализиран Спортски фестивал „Илинден“ со преку 200 натпреварувчи во кајак, пливање, втерполо, СУП и скокње Такла. И илјадна публика на кејовите на Дрим.
Успешно реализиран „Orienteering with Snorkeling“ проектот со нашите партнери од Турција и Бугарија, поддржан од Европска Унија. Активност која отелотворена во клуб останува во вечно наследство и сервис на Струга и стружани.
Безрезервна поддршка на невладини и други организации во организирање на настани и проекти.
-Агендата вели дека сме ги надминале зацртаните цели за годинава што уште повеќе ни го оправдува постоењето. До година кога славиме јубилеј од 15 годишно постоење најавуваме нови, повозбудливи авантури и настани кои и понатака ќе ја етаблираат Струга и Македонија во важна спортско туристичка дестинација, додаваат од спортскиот клуб „Соларис“ Струга.
StrugaOnline

Facebook Коментари