Струшките триатлонци постигнаа одлични резултати на триатлон првенството во Панчево

- Локални, Спорт
404

На отвореното триатлон првенство во Панчево, Србија, настапија десет од најдобрите триатлонци од триатлон клубот ,,3Дисциплини“ кои постигнаа одлични резултати.

Јован Кутаноски – второ место во категорија помлади пионери,

Хади Исмаиловски – трето место во кат. помлади пионери

Стефанија Кутаноска – второ место во кат. пионерки

Софија Кутаноска – трето место во кат. пионерки.

,,Честитки и за нашите постари пионери кои овој пат за жал испуштија пиедестал од прво до трето место , Дамјан Бежаноски, Тија Кукунешоска, Олса Орани, Марко Шаврески, Климент Ковачески, Виктор Опетчески.,,-вели тренерот Никола Кутаноски.

За струшките триатлонци следуваат нови предизвици веќе од четврток на велосипедската трка Халк ело греен во Маврово,  на 11.09.2022 балканско првенство во триатлон и акватлон во Загреб ,а оваа успешна сезона ќе заврши на домашен терен на  отворено триатлон првенство што ќе се одржи во авто кампот Ас на 18.09.2022.

Facebook Коментари