Струшкиот ракометар Бојан Белевски кој до минатата сезона беше член на матичниот клуб РК Струга, оваа година влегува во нов предизвик во нов клуб во Германија. Станува збор за CHC Charlottenburger од Берлин, клуб што се натпреварува во четвртата лига по ранг во тамошното првенство.
Поради повреда, Белевски беше надвор од терените една полусезона, а изминативе години го носеше дресот на VFV Spandau i HC Tegel од Берлен како и Osem Lovech и Levski Sofia од Република Бугарија.
Strugaonline
Facebook Коментари