Стружанецот Димитар Јованоски е победник во сениорска конкуренција на трката ,,Uphill Vodno“

- Спорт
892
Познатиот велосипедист, стружанецот Димитар Јованоски го освои првото место во сениорска конкуренција на трката Uphill Vodno , овој пат како претставник на велосипедскиот клуб ,,Енерџи“ од Скопје.
На трката учествуваа вкупно 12о натпреварувачи, а во сениорската категорија во која триумфираше Јованоски, се натпреваруваа дванаесет велосипедисти.
Димитар Јованоски  е успешен триатлонец кој има освоено низа златни медали и редовно е на пиедестал на вакви натпреварувања и во Македонија, но и надвор од нашите граници.
Strugaonline

Facebook Коментари