Лев банер Десен банер

Стружанецот Стефан Ѓоргиевски со седум гола и МВП признание ја предводеше победата над Фарски Острови

Младиот ракометар од Струга, Стефан Ѓоргиевски, го одигра својот најдобар натпревар во дресот на македонската кадетска репрезентација и беше еден од најзаслужните за победата над Фарски Острови со 34:32 на Европското кадетско првенство.

Ѓоргиевски постигна седум погодоци и со одличната игра заслужено беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на натпреварот, потврдувајќи го својот голем потенцијал и значењето што го има за националниот тим.

Со оваа победа, македонската кадетска репрезентација обезбеди пласман во разигрувањето за позициите од 9. до 12. место на Европското првенство, продолжувајќи ја успешната серија настапи на континенталниот шампионат.

StrugaOnline

error: