Лев банер Десен банер

Убедлив триумф на ЖКК Струга 2009 во кадетската лига, тренерот Ѓоровиќ задоволен од настапот

Кадетките на ЖКК Струга 2009 остварија убедлива победа во кадетската лига откако ја совладаа екипата на КК Пелистер со високи 68:28.

Стружанките уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и доминираа во текот на целиот натпревар, што се гледа и од резултатот по четвртини – 18:6, 18:11, 16:3 и 16:8.

Најефикасна во редовите на ЖКК Струга 2009 беше Коруноска со 12 поени, додека Стеблева додаде 11. Нелоска постигна 8 поени, а Мијевска, Танаскоска Е., Танаскоска М. и Милеска реализираа по 6 поени. Дукоска, Мојсоска и Ашталкоска постигнаа по 4 поени, додека Узуновска Т. натпреварот го заврши со 2 поени.

По натпреварот, тренерот на струшкиот тим, Владимир Ѓоровиќ истакна дека мечот бил добра можност да им се даде шанса на кошаркарките со помала минутажа.

„Го искористив натпреварот да разиграм неколку играчи кои имаат помала минутажа и воедно да ги одморам Зиба, Миладиноска, Даути и Таранеши, бидејќи денес не очекува натпревар во сениорската лига против екипата на Тим Арена Штип. Иако тој натпревар нема резултатско значење, мораме максимално подготвени да влеземе во полуфиналето од плеј-офот против екипата на КК Гостивар“, изјави Ѓоровиќ.

Полуфиналниот натпревар од плеј-офот е закажан за во недела со почеток во 15:30 часот, кога стружанките ќе се обидат да обезбедат пласман во финалето.

StrugaOnline

error: