Вардар 1961 ќе игра во финалето на СЕХА, Борко Ристовски е херојот за влезот во финале

- Спорт
449

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 останува најуспешната екипа во регионлната СЕХА Газпром лига и во недела ќе го игра своето 8. финале во 9. сезона. Црвени-црните имаат пет титули зад себе и сега против унгарски Веспрем ќе се сретнат повторно во финалето. Тоа ќе биде реприза на последното финале во ЕХФ лигата на шампионите од лани кога Вардар 1961 по вторпат ја освои европската титулата откако го победи тимот од Веспрем.

Вардар на патото до 8 настап во финалето прво имаше задача да го мине дербито со ППД Загреб. Нашиот тим го доби и петото полуфинале против Загреб во СЕХА лигата. Се врати од негатива од шест гола разлика, и за само осум минути направивме целосен пресврт. успевајќи прво да израмниме, а потоа по изведување на пенали да славиме со 30-29 (26-26, 13-16)

Голманот Борко Ристовски во пенал серијата одбрани два пенали, а во самата завршница од мечот исто така имаше неколку успешни одбрани во клучните моменти кога вардарци правеа серија со која се вратија во игра и од 18-24 стигнавме до 24-25 за неизвесна завршница. Во последната минута Чупиќ и Јотиќ ги постигнаа головите со кои Вардар 1961 израмни и се избори за пенали.

На стартот од натпреварот имаше 15 минути во кои и двете екипи беа рамноправни. Откако играта гол за гол покажа рамноправност дојде до смена на распоредот на силите и Загреб почна да создава предност. После 9-13 во 23. минута имаше само мала надеж дека работите ќе се поправат и дека Вардар ќе се врати во потребниот ритам. Сепак, на одмор се замина со 13:16, но ова сè уште беше активен резултат.

Во продолжението поради нашите грешки веќе во 34. минута разликата беше пет гола и ППД Загреб имаше водство кое дозволуваше да се игра комотно во продолжение (14-19). И кога се мислеше дека Хрватите ја завршија работата, Вардар 1961 заигра, имаше добра серија, подршка од одбраната и веќе беше полесно. Противникот го загуби ритамот ние игравме по наши ноти и од минус дојдовме до ситуација да се бориме за победа.

Со втората одбрана во серија на Ристовски, а потоа и добра реализација од страна на Тимур Дибиров се обезбеди приклучок и негатива од само еден погодок, 23-24 на пет минути до крајот од натпреварот. Гаџа доби исклучување, а откако Мандиќ погоди од пенал, Јотиќ реализираше одново за минус еден. До крајот на регуларните 60 минути имаше драма која на крајот резултираше со нерешени 26-26. Ристовски успеа да одбрани на десет секунди до крајот, а потоа Јотиќ погоди за нерешени 26-26, па победникот мораше да биде одлучен после изведување на удари од седум метри.

rkvardar.mk

Facebook Коментари