Вардар го доби првиот дуел со Нексе во четврт-финалето на СЕХА Газпром лигата

- Спорт
452

По повеќе од двегодишна пауза Вардар повторно победи во Нашице кај Нексе, а овојпат триумфот од 31-30 (15-15) е особено вреден со оглед на фактот што истиот е дел од четврт-финалето на СЕХА Газпром лигата. Петкратниот победник во ова ракометно регионално натпреварување направи сериозен чекор кон пласманот на Ф4 турнирот. Реваншот е закажан за следниот викенд во Скопје.

Тимур Дибиров со 12 гола од 12 обиди беше една од клучните фигури на теренот. Расположено беше нашето лево крило, од линијата за седум метри, од „мртов агол”, во контра….Неговите голови и играта во одбрана во второто полувреме потсетија на шампионскиот Вардар.
Дибиров третпат сезонава во СЕХА лигата постигнува двоцифрен број голови. Претходно по 11 гола им даде на Мотор Запорожје во Скопје (44-37) и на Војводина (35-33) во Нови Сад.

Нексе – Вардар 30-31 (15-15)

НЕКСЕ: Цар (7 одбрани и 1 седмерец), Радовановиќ (1 одбрана), Етер 2, Милета 2, Мрџеновиќ, Баришиќ Јаман 2, Думенчиќ, Јелиниќ 3, Вида, Северец 3, Пешиќ 7, Кевиќ 5, Томиќ 3, Јагањац 1, Возаб 2, Прибетиќ.

ВАРДАР: Ристовски (7 одбрани), Кизиќ, Стоилов 1, Кукуловски, Димитриоски, Карапалевски, Сикошек Пелко, Скубе 6, Калараш 2, Чупиќ, Де Толедо 2, Дибиров 12, Гоброк 4, Шишкарев 4, Горпишин, Мишевски.

Извор: РК Вардар

StrugaOnline

Facebook Коментари