Лев банер Десен банер

Висока победа на пионерките на ЖРК Струга против ГРК Охрид – 24:8

Пионерките на ЖРК Струга забележаа убедлива победа над екипата на ГРК Охрид со конечен резултат 24:8, откако уште на полувремето имаа висока предност од 15:4.

Стружанките одиграа одличен натпревар во сите сегменти од играта, со цврста одбрана и ефикасен напад. Тимот беше предводен од Теодора Гуличоска, а девојчињата покажаа голема борбеност, тимски дух и дисциплина, што резултираше со висок резултат и целосна контрола на теренот.

Со оваа победа, пионерките на ЖРК Струга испраќаат јасна порака дека сериозно атакуваат на врвот на табелата.

Наредното коло е одложено поради настап на пионерската репрезентација, а за две недели стружанките ги очекува гостување во Штип кај екипата на Астибо – натпревар кој ќе биде од големо значење во борбата за освојување на втората позиција на табелата.

StrugaOnline

error: