ЖКК Бадел со убедлива победа над ЖКК Струга 2009

- Локални, Спорт
353
Во рамки на првата А лига во женска конкуренција, во 14 коло ЖКК Бадел 1862 убедливо славеше над ЖКК Струга 2009 со 98:44 (33:07;21:16;16:12;28:09).
Најдобри во нашата екипа беа: Шеќероска со 14 поени и 6 скокови, Модева постигна 7 поени и 2 скока, а Томпсон постигна 6 погодоци и 6 скока, Укоска 5 поени, Стојановска 4 поени, Зендели и Устијанова по 3 поени и Пешиновска по 2 поени.
Во редовите на Бадел најдобра беше Димова со 29 поени.
,,Ова ни беше најлошиот натпревар оваа сезона, загубивме уште во првата четвртина. Во втората четвртина направивме обид да се вратиме, но, безуспешно. Во продулжение одлучив да им дадам простор и минутажа на сите играчи. Во тој период, 16 годишната Модева ја искористи секоја минута помината на терен, а дебитираше и 14-годиншната Јана Чолакоска. ,,- изјави тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.
ЖКК Струга 2009 има уште еден заостанат натпревар со Баскет Кам кој ќе го иградома во петок , на 19-ти февруари играме полуфинале на Куп на Македонија. На 26-ти продолжува првенството.
Ѓоровиќ додава дека следува период на максимално екипирање , подобрување на тренинзите и враќање во форма која екипата ја имаше во првиот дел од првенството.
Strugaonline

Facebook Коментари