ЖКК Струга 2009 со убедлива победа на стартот од вториот дел на сезоната.
ЖКК Струга 2009 – ЖКК Шкупи 80:57 (18:08; 25:06; 19:26; 18:17)
-Добра и убедлива игра, особено во првото полувреме. Малку се отпуштивме во третата четвртина, но најважна ни е победата која на некој начин не доближува до баражот за враќање во А лига. За да ја оствариме таа цел во зимската пауза нашиот тим се засили со две интернационалки: Марија Ристиќ 23 години висока 193 см од Србија и Тајлор Вилард 23 години и висока 168 см од Америка. Ристиќ игра на позиција центар, ги помина сите репрезентативни селекции на Србија, настапуваше во Арт баскет, Црвена Звезда, Спартак а во нашиот тим дојде од екипата на Шабац која се натпреварува во втора лига на Србија.Тајлор Вилард игра на позиција плеј и бек, доаѓа од екипата Пеја од Косово која се натпреварува во Косовската 1 лига. – изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Најдобрите стрелци на нашата екипа беа: Вилард 27, Ристиќ 20, Алексиеска 9, Белкоска 8, Муртезаи и Незири постигнаа по 6 поени, Муртиши и Зиба по 2 поени.
Кај гостите најдобра беше Тахир со 15 поени.
StrugaOnline
Facebook Коментари