1 лице во Струга и 14 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
275

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 28 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Струга-01, Кичево-12, Дебар-01). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 39 контроли по угостителски и други објекти (Струга-06, Кичево-33).

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари