18 лица во Струга казнети за неносење маски

- Локални
376

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 28 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 2, Струга 18, Кичево 5 и Дебар 3).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 24 контроли врз угостителски и други објекти. (Охрид 7, Струга 9 и Дебар 8), информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари