24 возачи во Охрид казнети поради брзо возење

- Локални
85

На 24-ти март 2024 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 38 возачи кои, во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 24 во Охрид, 11 во Кичево и 3 во Дебар, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари