29 лица во Струга казнети поради неносење лична заштита на лицето

- Локални
502

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, 09/10.06.2020 година, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Струга-1, Кичево-2).

Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206 „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.

Во истиот период, полициските службеници констатирале 126 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-41, Струга-29, Кичево-45, Дебар-11). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 209 лица (Охрид-85, Струга-102, Кичево-22). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 124 контроли (Охрид-47, Струга-55, Кичево-22). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 139 лица (Охрид-23, Струга-60, Кичево-13, Дебар-43). Врз овие лица, извршени се 85 контроли (Охрид-22, Струга-16, Кичево-13, Дебар-34). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 82 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-24, Струга-19, Кичево-30, Дебар-9).

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари