32 возачи во Струга казнети поради брзо возење

- Локални
599

На 3-ти април 2022 година, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни акциски контроли.

 – Притоа, полициските службеници во Охрид, санкционирале 73 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (48 надвор од населено место, 25 во населено место), во Струга 32 возачи возеле со брзина поголема од дозволената (5 надвор од населено место, 27 во населено место), во Кичево затекнати се 32 возачи кои возеле над пропишаната брзина (2 надвор од населено место, 30 во населено место), а во Дебар 7 возачи ја надминале дозволената брзина на движење (5 надвор од населено место, 2 во населено место), информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари