Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 41 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 34 и Кичево 7).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 75 контроли по угостителски и други објекти (Охрид 48 и Кичево 27), информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари