4 лица во Струга и 5 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
292

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 26 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-05, Струга-04, Кичево-13, Дебар-04). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 46 контроли по угостителски и други објекти (Охрид-08, Кичево-38).

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари