На денешен ден во далечната 1944 година Струга е ослободена од фашистичкиот окупатор. Ноќта помеѓу 6-ти и 7-ми ноември, Народната ослободителна војска ги завзела своите позиции и околу 4 часот и 45 минути ги нападнале Германските единци. Тој напад германските едниници не можеле да го издржат и почнале да се повлекуваат од Охрид преку Струга за да заминат за Албанија.
Веста за ослободување на Струга одекнала во раните утрински часови на 8-ми Ноември 1944. Борбите за ослободување на Струга се опишуваат како тешки и крвави, но желбата за слобода била многу голема, а храброста на борците за поклонување и достојна за секаква почит. Многу животи згаснале токму за Струга да стане слободен град.
фото: Владислав Жупан
Strugaonline
Facebook Коментари