9 лица во Струга и 16 во Охрид казнети поради неносење лична заштита

- Локални
397

Според статистичките податоци на МВР, во изминатово деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 60 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-16, Струга-09, Кичево-25, Дебар-10). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 17 контроли врз угостителски и други објекти.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари