АД ЕСМ изврши порибување на Охридското Езеро со 29.421 парчиња подмладок на јагула

- Локални
691

АД ЕСМ изврши порибување на Охридското Езеро со 29.421 парчиња подмладок на јагула

Во акцијата симболично се вклучи и генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, со порака дека вложувањето во одржувањето на живиот свет на езерото е дел од нашата општествена одговорност.

„АД ЕСМ користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидро-електраните на Шпиље и Глобочица, согласно водостопанската дозвола добиена во шеесеттите години на минатиот век. Од тој период, па до денеска и понатаму се спроведуваат вакви акции со цел збогатување и одржување на живиот свет на езерото, зачувување на природното богатство и грижата за нашиот бисер- Охридското езеро.“ – истакна м-р Васко Ковачевски.

Strugaonline

Facebook Коментари