Академијата на убави уметности -Вевчани објави книжевен конкурс

- Локални
879

По повод 75 години од конечното ослободување на Република Македонија, Академијата на убави уметности -Вевчани ги повикува сите автори кои пишуваат поезија, проза , есеи, прикази како и рецензии и прилози од историјата на македонската литература како и други литературни творби (афоризми, хуморски) и творби за деца ( поезија, проза и прикази на книги за деца) да земат учество во трите јубилејни изданија

-Вевчански летопис

-Вевчански алманах

-Веввчанска читанка

Право на учество имаат сите, без разлика дали претходно имаат објавувано или не. Во Вевчанската читанка ќе бидат објавени песни и раскази за деца и прикази на книги за деца.

На авторите со пеозија им се отстапува простор од три печатени страници со фотографија и кратка биографија за тоа треба да надоместат 500 ден., додека на авторите на проза: расказ или фрагмент од роман, драма или сценарио, есеи, рецензии и прикази и други литературни прилози, како и научно стручни текстови  им се отспатуваат пет печатени страници. Истите, треба да достават фотографија и кратка биографија. Надоместокот изнесува 700 денари.

Темите на литературните творби се слободни и по избор на авторите.

„Литературните призоли треба да бидат уредно отпечатени на хартија и со ЦД, истите испраќајте ги на адресата: Народна библиотека Вевчани (за изданијата) или на меил адресата [email protected]. Наведете ја и вашата домашна адреса, меил адреса или Facebook профил како и мобилен телефон за понатамошна комуникација.“ – велат организаторите.

Повеќе информации можете да добиете на следниве телефонски броеви: 077/901-550; 070/745-015 и 071/796-795.

Strugaonline

 

Facebook Коментари