Акциска контрола на СВР Охрид, казнети возачи кои управувале возила со брзина поголема од пропишаната

- Локални
344

На 21-ви февруари 2021 година на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

– Притоа, на подрачјето на Охрид полициските службеници регистрирале 19 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, во Струга 21, во Кичево 19 и во Дебар 15 возачи. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари