Ако има потреба , во крило А од болницата ,,Свети Стефан“ во Охрид ќе се лекуваат ковид позитивни пациенти

- Локални
481
Специјализираната болница за кардиоваскуларни болести,Охрид ,во период кога бројката на COVID позитивни пациенти рапидно расте ,а болничките капацитети се полнат,во комуникација и координација со Министерот за здравство, доколку е неопходно ќе ги стави на располагање сместувачките капацитети на крило А за третман на COVID позитивни пациенти, кое е физички и функционално одвоено од останатиот болнички дел.
-Мора да напомениме дека нашата болница ги згрижува најкомплексните случаи со кардиоваскуларна и др патологија од цел регион: Охрид, Струга, Вевчани,Кичево,Дебар,Ресен,Битола,Прилеп,Крушево ,Демир Хисар. Во последниов период одделот за интервентна кардиологија,одделот за интензивно и болничко лекување како и амбулантно поликлиничкиот оддел бележи зголемување на обемот на работа .-информираат од  болницата.
Од таму додаваат дека и покрај зголемениот обем на работа, во време на здравствена криза, не можат да останат  надвор од здравствениот систем и секако доколку има потреба ќе се вклучат  во решавање на новонастанатата ситуација во координација со Министерството за здравство.
Strugaonline

Facebook Коментари