,,Алиса во земјата на танцот“- годишен концерт на Студиото за танц БАХ на 20-ти јуни

- Локални
1040

На 20-ти јуни со почеток во 18:00 часот, во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи овогодинешниот годишен концерт на Студиото за танц ,,БАХ“. Оваа година, концерот носи наслов ,,Алиса во земјата на танцот“. Од БАХ информираат дека сега се одвиваат најинтензивните подготовки, костимите се речиси готови, сценографијата што секоја година ја воодушевува публиката е во подготовка и се тече според планираното.

,,Годинава ќе понудиме една прекрасна, емотивна приказна, идеја која ја имавме уште минатата година, но поради тогашната состојба со пандемијата лани имавме пократкок концерт. Годинава секако ќе се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита на здравјето, а присутната публика ќе има можност да влезе во Земјата на танцот, и буквално и уметнички во земјата на нашето балетско студио чии приказни се плетат со години и здраво и среќно растат генерации.“ – вели Тања, кореограф и идеен творец на Студиото за танц БАХ.

Од Балетското студио БАХ се во постојана комуникација со Комисијата за заразни болести, за да се подготват соодветни протоколи што строго ќе се почитуваат, затоа што, здравјето е пред се.

Бројот на публика ќе биде ограничен, а билети ќе има од 1-ви јуни.

Од БАХ ги повикуваат сите заинтересирани да ја следат нивната фан страница на Facebook, каде што ќе бидат објавени информации каде и како ќе може да се набават билети.

Facebook Коментари