Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, во посета на Општина Струга

- Локални
693

Денеска во просториите на Општина Струга градоначалникот Мерко го пречека амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. На средбата беа присутни шефот на кабинетот Дашмир Насуфи, директорот на ЈП “Проаква” Јетон Шаќири , советникот Инает Дани и други преставници од општинската администрација.


Амбасадорот Тимоние зборуваше за силниот впечаток што го добил од убавините на Струга и му честиташе на градоначалникот за неговато гостопримство и досегашното работење.

„ На состанокот се дисктурише и за бројните шпекулации за горење на трската, узурпација на плажите и бесправните градби кои ги имаше во последно време по медиумите и порталите . Градоначалникот Мерко уште еднаш се изјасни дека во Струга не постојат бесправни градби на брегот на Охридското Езеро и дека никогаш нема да дозволи да постојат.“-пренесуваат од Ошттина Струга.

Амбасадорот Тимоние изрази надеж дека во иднина ќе има одлична соработка со струшкиот градоначалник во областа на туризмот и образованието, бидејќи двете страни изразија заеднички интереси.

Strugaonline

 

Facebook Коментари