АППТ-Првите странски туристи во Охрид и Струга може да се очекуваат во август

- Локални
827

Првите странски туристи во Охрид и Струга може да се очекуваат дури на почетокот на август, велат од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, a  пренесе Алсат М  

Но и тоа останува под знак прашање бидејќи во моментов сè зависи од развојот на ситуацијата со коронавирусот. Од Агенцијата велат дека само за април минусот во туризмот во земјава изнесува 40%. Многу од чартер летовите кои требаше да ја одбележат оваа сезона се откажани. Тоа беа директни летови кон Охрид од Белгија, Бугарија, Полска, Словенија и три пати неделно лет Бурса – Охрид.

„Во активен контакт сме со некои тур-оператори од Холандија и Полска кои сè уште имаат надеж дека можат да подигнат чартер. Секако дека сето тоа зависи од сите случувања во ЕУ со одредени протоколи. Со применување на сите мерки и протоколи, оптимист сум дека во Охрид покрај домашните, ќе имаме и поголем број на регионални гости“, рече Љупчо Јаневски-директор на Агенција за туризам.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор: Алсат М

фото: архива

Facebook Коментари