Арменд Арслани e новиот директор на струшката Општа болница

- Локални
2605

Поранешниот заменик министер за здравство, Арменд Арслани, е новиот директор на струшката Општа болница. На оваа функциоја Арслани доаѓа на местото на Мухамед Асани кој пред два дена беше разрешен.

Информација  денеска ја потврди министерот за здравство д-р Венко Филипче на прес-конференција со новинарите.

Асани беше разрешен после случајот со родилката Јилдиз Веапоска која при породувањето остана без три органи.

Новоназначениот директор ,Арменд Арслани, е доктор по општа медицина и специјализант по урологија и уролошка хирургија.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари