Артилериска граната од Првата и рачна бомба од Втората светска војна пронајдени во Лескоец и Вевчани

- Локални
1038

Артилериска граната од Првата и рачна бомба од Втората светска војна се пронајдени деновиве во Лескоец и Вевчани, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

На 13.02.2019 год. во с. Лескоец, Охридско, при рушење на стара куќа, во темелите е пронајдена артилериска граната од 75mm од Првата Светска војна и две запалки за артилериска граната. Истите се подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Подрачно одделение-Кичево и се привремено одложени во магацин.

– На ден 18.02.2019 година, подигната е рачна бомба од Втората Светска војна во ЕЛС Вевчани, Струшко, по пријава од екипа на МВР.Истата е привремено одложена во магацин од страна на пиротехничар од Подрачното одделение за заштита и спасување-Кичево.- се вели во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување.

Извор и фото: ДЗС

Strugaonline

Facebook Коментари