Авдулкерим Камбери е назначен за нов командир на полициската станица во Струга

- Локални
502

Авдулкерим Камбери е назначен за нов командир на полициската станица во Струга. Камбери помеѓу колегите е познат по својот професионализам, а пред да дојде на чело на полициската станица во Струга, ја вршеше функцијата, самостоен инспектор за јавен ред и мир во СВР Охрид.

За StrugaOnline, Камбери изјави дека во фокусот на неговите цели ќе биде безбедноста и одржувањето на јавниот ред и мир во градот Струга.

Извор: StrugaOnline

Фото: Архива

Facebook Коментари