Бадникова поворка на 6-ти јануари во Струга – традицијата продолжува

- Локални
486

Струга и оваа година ја продолжува традицијата на најавување на големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ.

На 6-ти  јануари, недела ( ден Бадник), сите граѓани кои имаат желба можат да присуствуваат на утринската Богослужба во црквата Св.Ѓеоргиј во Струга. После богослужбата ќе се одржи и Бадниковата поворка на која дечињата од Струга и струшко ќе ни ја најават  големата радост по повод  Христовото раѓање, преку пеење на познатата Божиќна песна „Вечниот Бог“.

На Бадниковата поворка учество може да земат сите деца кои имаат желба да бидат дел од овој голем настан и да ја доживеат убавата духовна енергија и Божја благодат.

“Се покануваат сите христијански верници од нашиот крај да дојдат на 06.01.2019 во црквата Св.Георгиј во Струга. Собирот на децата ќе биде веднаш после Богослужбата, во 10:30 часот. Поворката ќе се движи по ист распоред како познатата Струшка Литија. После активностите на Бадниковата поворка, во дворот на црквата ќе се дели топол чај и посни колачи. Се покануваат сите верници од струшкиот регион да бидат дел од овој убав настан и заедно масовно да ја негуваме традицијата. “- велат организаторите.

На фотографиите можете да ја видите празничната атмосфера од претходните години, а на видеото се прикажани подготовките за оваа година.

Strugaonline

 

 

 

 

 

 

Facebook Коментари