Базенот во Струга оштетен неколку дена пред отварање

- Локални
891

Додека сите со возбуда и радост го очекуваат свеченото отворање на пливачкиот базен во Струга, на социјалните мрежи осамнаа фотографии на кои се гледа дека уште неотворен,  истиот веќе е оштетен .

Два-три дена пред големото отварање,  скршени прозорци со камен, и камења во базенот е сликата која предизвика лутина кај граѓаните кои бараат пронаоѓање на сторителите и апелираат да се чува заедничкото добро чие реновирање го чекаа повеќе од две децении.

Strugaonline

Facebook Коментари