Безконцептуален стенд ап со Семир Гициќ наскоро во Струга

- Локални
667

На 22.02.2020 г. во 20:00ч. во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи безконцептуален стенд ап со Семир Гициќ.


„Списокот на неподносливите сорти на луѓето“ е тема во неговата нова безконцептуална стенд-ап комедија.
Семир Гициќ, можеби, ни кажува дека само во лудилото постои систем, дека секој апсурд е пологичен од реалноста во која живееме, која се менува од час во час, многу ретко според правилата на здравиот разум. Кога човек ќе помисли дека нешто се завршило, дури тогаш започнува, кога верува дека разбрал, дури тогаш е измамен, по којзнае којпат.
Во неговите настапи нема вицеви, ефтини метафори, пеење, играње и друго трошење на време за залудно.
Студирал Академија за театарски и филмски уметности, а дипломирал на Катедрата за глума.
Семир Гичиќ е автор на популарните комедии: “Внимавај со кого спиеш” I и II дел, “Чекајќи го министерот”, “Имаме дојава”, “Пинокио ​​за возрасни”, “КВДП”, “Дежа Ву”  и други.
„Пазарски приказни“ е авторска ТВ серија на Семир Гичиќ, во која тој беше водител.
Настанот е поддржан од: ART THEATER HOTEL – STRUGA,а билетите по цена од  150 денари можете да набавите online или на билетара 1 час пред почетокот на настанот.
Резервации на: 077 73 00 59

Strugaonline

Facebook Коментари