Бидете дел од „Ледена прошетка Вевчани и Вевчанско езеро“ – еве како да се пријавите

- Локални
1356

На  само петнаесеттина километри воздушно растојание од Охридско Езеро се наоѓа едно од најубавите леднички езера во земјава.  Тоа е Вевчанско Езеро, кое лежи на Јабланица, планината по чијшто срт се движи граничната линија со Албанија и каде што има уште три постојани леднички езера.

Доколку сте подготвени за Ледена прошетка,  која ќе се одржи на 12-ти октомври своето учество можете да го резервирате ОВДЕ. 


Почетната точка на турата е село Горна Белица. Планинарската патека кон езерото води низ исклучително богата букова шума, а се потребни околу 2,5 часа за да се стигне до езерото. Без жив свет, опкружено со необични камења во црна боја и со вкусни малини – тоа е Вевчанско Езеро над кое се извишува највисокиот врв на Јабланица, Црн (Церн – на вевчански дијалект) Камен, висок 2.257 метри.
„По краткиот одмор, се спуштаме назад до селото и тоа што следува е изненадување за сите сетила. Во локален амбиент, дегустираме традиционална храна… месени пити, пинџури, сирења… уживаме и се насладуваме. Наша последна дестинација е село Вевчани и Вевчанските извори.“-информираат организаторите од „Adventure Trails“
Почетна точка на турата е село Вевчани во 09:30ч. Турата вклучува организиран бесплатен превоз до Горна Белица. Планинарењето од Горна Белица до Вевчанско Езеро е во должина од околу шест километри во правец и се совладува висинска разлика од 600 метри. Времетраење на турата е околу шест часа.
Превозот од Скопје и други градови е сопствен.

Strugaonline

Facebook Коментари