Билтен на СВР Охрид: Кај охриѓанец пронајден нож, кај лица од Прилеп и Скопје пронајдена марихуана

- Локални
330

На 08.08.2023 во 23 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа О.Д.(19) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

Истиот ден во 14.30 часот, кај месноста „Лабино“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.И.(21) од Прилеп и при извршен преглед, пронајдена и одземена марихуана.

Полициски службеници од СВР Охрид, на плажа на брегот на Охридското Езеро го приведоа М.Б.(37) од Скопје откако, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 08.08.2023 во 21.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на нива со нискостеблеста вегетација помеѓу селата Горенци и Требеништа, општина Дебрца, настанал пожар.  Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а повредени лица нема.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари