Билтен на СВР Охрид: Mалолетничка нападната во угостителски објект, 5 лица возеле под дејство на алкохол, три лица од Делогожда оштетиле старо минаре од џамијата…

- Локални
1397
На 26.05.2024 година во 00.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски” во Охрид, две малолетни лица физички нападнале малолетничка со која седеле на иста маса во објектот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.05.2024 година во 01.15 часот, пред угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, Б.Т. физички го нападнал А.Б.(66), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25/26.05.2024 година од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале 5 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 26.05.2024 околу 16.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К.(42), А.Ж.(20) и А.К.(20), сите од струшкото село Делогожда, со алат оштетиле старо минаре од џамијата во селото,  предизвикувајќи општа опасност во пошироката околина. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари