Билтен на СВР Охрид: Нападната и ограбена жена во Охрид, приведени две лица кои пукале во воздух во населба Чекоштина…

- Локални
192

На 28.03.2024 во 18.40 часот на улица „Махмут Рифат“ во Охрид, приведен е З.Ѓ.(57) од Охрид. При извршен преглед, полициски службеници кај него, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.03.2024 во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало О.Т.(53) од Охрид и ѝ одзел пари. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од Охрид. Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на М.П.. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари