Билтен на СВР Охрид-Охриѓанец физички ја нападнал сопругата, полицијата пронајде марихуана кај жител на Велгошти

- Локални
1138

На 14.01.2024 година во 13.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.И.од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Ч.(23) од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. При преглед, извршен на локален пат во селото, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари