На 12.04.2024 година во 00.40 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта, лишен од слобода е М.М.(55) од селото Октиси кој претходно, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.04.2024 година во 01.15 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, приведени се Ф.М.(21) и С.Н.(62), двајцата од Охрид. Тие, претходно пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР-Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Ф.(1972) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење”. Тој, на катарстарска парцела во Охрид, извршил градба на индивидуална стамбена куќа за која немал соодветна документација, издадена од надлежен Државен орган.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари