Билтен на СВР Охрид: Скопјанка извршила измама во Струга, под закана украдени пари од возило на брза пошта на локалниот пат во Лабуништа…

- Локални
507

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама”, „злоупотреба на лични податоци” и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(45) од Скопје. Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување, по што ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин пријавената се стекнала со имотна корист од 319.706 денари.

На 05.03.2024 во 00.10 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека на 04.03.2024 на локален пат во село Лабуништа, две лица, сопреле возило „цитроен” на брза пошта со кавадаречки регистарски ознаки и со закана, од возачот одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари