Благајник во „Завод за нефрологија“- Струга сам си ја зголемувал платата, присвоил над 340 илјади денари

- Локални
1883

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 58-годишниот Р.Ч. од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

 – Пријавениот, во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што, го оштетил буџетот на болницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
фото: архива

Facebook Коментари