Британската уметница Река Самир во четврток во 19:00 часот ќе одржи предавање во Паркот на поезијата во Струга.
Како што информираат организаторите, предавањето ќе содржи презентација и разговор на темата: in situ (site specific art) во уметничките практики.
Река Самир ги истражува различните аспекти да се биде уметник користејќи многу различни медиуми и теми. Работи и како куратор и е учесник на уметнички резиденции низ целиот свет. Предавала уметност на додипломци и средношколци и била ментор во многу резиденции. Како уметник се труди да ги помести границите надвор од комфорната зона, проширувајќи го својот начин на изразување и преку пишување.
Предавањето е во склоп на уметничката резиденција „Ластар 2024“ поддржанa од Министерство за култура, и во соработка со здружение ИНКА и развојниот хаб во с.Вишни.
Strugaonline
Facebook Коментари