„Бунтовната Принцеза“ на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид на 14 март
Во сабота, на 14 март 2026 година, со почеток во 12:00 часот, љубителите на анимираните авантури ќе имаат можност да го проследат филмот „Бунтовната Принцеза“ на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид.
Цената на билетот изнесува 100 денари.
Станува збор за модерен и духовит пресврт на класичната бајка, кој носи поинаква приказна од вообичаените принцезни авантури. Во центарот на дејството е тврдоглава и храбра принцеза која е киднапирана од злобен волшебник. Но, наместо да чека спас, таа смело им се спротивставува на киднаперите и подготвува сопствено бегство.
Во исто време, нејзиниот вереник – талентиран научник – тргнува во епска потрага, користејќи ја својата интелигенција и изуми за да ја пронајде и спаси. Филмот ветува динамична приказна исполнета со хумор, авантура и силна порака за храброст, љубов и самостојност.
„Бунтовната Принцеза“ е идеален избор за семејна кино-посета и викенд исполнет со смеа и возбудувања.
StrugaOnline

