Царинската управа заплени моторцикли, делови за возила и фотокопир наменети за лице од Струга

- Локални
775

Во текот на последната недела од 2018 година и новогодишните и божиќните празници, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  моторцикл, скутер, делови за возила, фотокопир, гасен пиштол, препарати за потенција, алкохолни пијалоци,  алат, електричен кабел, облека, лап-топ компјутери и фалсификати.

Моторцикли, делови за возила и фотокопир

– 1 скутер марка Peugeot, 1 моторцикл марка Honda, 1 фотокопир марка Nashuatec и 9 алуминиумски бандажи со гуми за патничко возило, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Швајцарија, наменета за физичко лице од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Охрид. Производите кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 19.200 литри енергетски пијалок во лименки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени во царинската испостава Ќафасан-отсек за стоково царинење, при контрола на стока пријавена за извоз од испраќач од Република Македонија, наменета за увозник од Република Албанија. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Извор и фото: Царинска управа

 

Facebook Коментари