Царинските службеници запленија буре со непријавено хидраулично масло во автомобил кај Ќафасан

- Локални
145

Во текот на минатите четири седмици, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани облека, украси, хируршки материјали, стакла за очила, леќи за очи, маслиново масло, суплементи, парфеми, хидраулично масло, користени велосипеди и тротинети, ароми за наргиле и фалсификати.

– 208 литри хидраулично масло „Petronas hidraulic 68“ во метално буре, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко комбе со албански таблички, управувано од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Бурето со непријавеното масло, пронајдено кај задните седишта кои биле спуштени и покриено со тренерка, е привремено задржано, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.-информираат од Царинската служба.

Strugaonline

Facebook Коментари