„Целје“ е новиот шампион на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“ година кој заврши вчера. Словенскиот шампион ја совлада екипата на „Консанца“ во големото финале со резултат 25:24.
Со оваа победа беше обезбеден трофејот со што Целје се вклучува во списокот на шампиони на турнирот кој годинава го имаше своето 46то. издание.
Како третопласирана екипа на овој турнир заврши екипата на Тулуз, откако вчера успеа да го надигра тимот на Железничар и да го совлада со 32:24. Во најголемиот дел од мечот Тулуз беше во преднсот, а во финишот немаше возбудувања, Тулуз само ја потврди својата победа.
Што се однесува до поединечните награди, организаторот на играта во победничкиот тим „Целје“, 18-годишниот Домен Макуџ го доби пехарот за најдобар играч на турнирот.
За најдобар стрелец на турнирот, беше прогласен Горан Кузманоски од Е. Работник.
Овој турнир, 46-ти по ред ќе биде запаметен по одличните натпревари, квалитетен ракомет и добра организација за која зборуваа и тренерите на екипите.
Strugaonline
фото: Меѓуанроден турнир Струга
Facebook Коментари