Целосна дезинфекција на просториите на здружението и пензионерскиот клуб во Струга

- Локални
687

Здружението на пензионери од Струга изврши дезинфекција на просториите кои ги користи здружението и Клубот на пензионери лоциран во просториите на здружението.

Од здружението информираат дека целта е безбедно користење на пензионерскиот клуб.

,-Живееме во период на пандемија, но нашиот чекор кон здравјето не смее да застане ниту во еден момент. Затоа,освен нашата секојдневна грижа, за да овозможиме сигурна употреба на пензионерскиот Клуб од страна на пензионерите и граѓаните,се погриживме за целосна дезинфекција на просториите на здружението, истакна претседателот ЗП Струга Милорад Трпоски.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари