Центар на заедницата на Општина Струга распиша конкрус за најдобар есеј

- Локални
735

Центарот на заедницата на Општина Струга распиша конкурс за најдобар есеј. Темата на есејот е: „Јас како активен граѓанин во општината.“ Право на учество имаат  младите на возраст од 15- 25 години граѓани на една од општините од југозападен регион (Струга, Охрид, Дебар, Кичево, Македонски брод, Вевчани, Пласница, Дебрца и Центар Жупа).

„Ако имате идеја за тоа како младите можат и треба да придонесат во општеството, како вие како активни граѓани можете да го промените градот во којшто живеете, кои се главните проблеми со кои се соочуваат младите денес во вашата заедница и како може да се поттикнат тие да станат активни чинители во општеството, напишете есеј од најмногу 1500 зборови и пратете ни го на infо@ccstruga.mk најдоцна до 10 октомври 2019.„-велат од тимот на Центарот на зедницата на Општина Струга.

Правилата на конкурсот:

–          Есеите треба да бидат напишани на македонски или албански јазик и не треба да бидат повеќе од 3 стандардни страни

–          Есеите треба да бидат пишувани со фонт 12pt. Times New Roman

–          Есеите треба да произлегуваат од авторот, секој цитат треба да биде соодветно означен

–          Учесниците можат да се пријават само со еден текст на горенаведената тема

–          Центарот на заедницата на општина Струга ги задржува правата да ги објави победничките есеи

Награди:

–          Првото место ќе биде наградено со книги во вредност од 6000 денари

–          Второто место ќе биде наградено со книги во вредност од 4000 денари

–          Третото место ќе биде наградено со книги во вредност од 3000 денари

 

За други детали поврзани со конкурсот, информирајте се на телефонскиот број:  046- 839-112.

Strugaonline

Facebook Коментари