Центарот на заедницата на Општина Струга ќе ги презентира резултатите од анализата на јавни набавки на општините од југозападен регион

- Локални
552

Центарот на заедницата на Општина Струга ќе го промовира  “Истражувањето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки на општините од југозападниот регион во 2017-та и 2018-та година“.   Настанот ќе се одржи во четврток, 31 октомври, со
почеток во 13:30 часот во хотел. „ДРИМ“ во Струга.


Целта на настанот е информирање на граѓаните, институциите и граѓанските организации за
резултатите од анализа која опфаќа мониторингот на спроведувањето на јавните набавки во текот на 2017 и 2018 година од страна на општините во Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Македонски Брод, Палсница и Дебрца). Во анализата се користени унифицирани алатки за мерење и проценка на почитувањето на стандардите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки и нивно спроведување според потребите на граѓаните.
Анализата ја спроведе Центар на заедницата на општина Струга во текот на 2018 и 2019 година.

Strugaonline

 

Facebook Коментари