Лев банер Десен банер

Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга се приклучи на еколошката акција „Генералка викенд“

Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга денес активно се вклучи во најголемата национална еколошка акција во Македонија – Генералка викенд.

Акцијата за уредување и чистење на јавните површини се реализираше во Паркот на поезијата и во околината на Центарот за култура во Струга, каде учесниците преку заедничка работа придонесоа за почиста и поуредена животна средина.

Покрај чистењето на просторот и грижата за природата, беа засадени и цвеќиња, со што дополнително се разубавија јавните површини што секојдневно ги користат граѓаните.

Од Центарот за култура истакнаа дека со ваквите активности се испраќа силна порака за важноста на еколошката свест, грижата за заедницата и создавањето похумана и поздрава животна средина. Активноста беше реализирана по иницијатива на Министерство за култура и туризам.

error: